Погодности
Сè што ви треба за работа.
Просторот за заедничка работа е повеќе од бироа. Запознајте ги нашите погодности.
Вклучено
Што добивате.
Оптички интернет 1 Gbps
Брз оптички интернет со резервна врска од друг оператор.
Пристап 24/7 со картичка
Пристап според условите на членството. Пријавување преку апликација.
Фиксни работни места
Ваше постојано биро, секогаш уредено според вашите потреби.
Флексибилни работни места
Изберете слободно работно место кога ќе дојдете.
Сала за состаноци
Резервирајте на час или во блокови од 4 и 8 часа. Достапна и за надворешни посетители.
Училница
За работилници, обуки и предавања. Намалена цена од вториот последователен час.
Попуст за теретана
20% попуст за членство кај наш локален партнер во Прилеп, со пакетите за флексибилно, фиксно и тимско работно место.
Вистинско кафе
Кафе во зрно, мелница и апарат. Без капсули.
Кујна
Ужина, вода, фрижидер, машина за садови и чајник.
Тивок горен кат
Телефонските разговори и состаноците се одржуваат долу или во резервираните сали.
Настани за членовите
Предавања, работилници и дружења по работа. Членовите имаат предност.
Шкафчиња
Наскоро
Заклучете ги лаптопот и опремата. Членовите со фиксно биро добиваат сопствен простор за чување.
Печатач и скенер
Кога ви треба и хартиена верзија.
Бесплатен уличен паркинг
Околу зградата.
Нешто недостига?
Кажете ни што ви е важно.
Ви треба нешто дополнително? Кажете ни што би ви помогнало да работите тука. Пишете ни.
Контактирајте нè